Центар за испитување на возила — прва акредитирана техничка служба во државата.
Техничката служба – Центар за испитување на возила при правното лице Пауер Спорт Систем е првата техничка служба во државата овластена според новите измени на Законот за возила (Службен весник на РМ бр. 140/2008 година) и има овластување уште од далечната 2010 година. Денес техничката служба претставува организациска единица која во својот состав има 15-тина инженери и е оддел каде е концентрирано големо количество на стручност и компетентност. Во своето досегашно работење техничката служба се одликува со директен пристап кон проблемите на секој клиент, изнаоѓање на брзо, правилно и техничко-правно издржано решение. Со почитување на законите и согледување на потребите на секој клиент претставува најдобар избор за клиентите како консултант за нивните секојдневни потреби околу одобрувањето, инспекцијата и експлоатацијата на возилата.
Изберете област за детали за постапката и потребните документи.
Јавете се директно во станицата каде што ќе ја користите услугата — не преку општиот call центар.
Обратете се во станицата каде што ќе ја користите услугата — таму се инженерите што работат на вашиот предмет.