Помош

Најчесто поставувани прашања

Пребарајте го вашето прашање или разгледајте ги одговорите по категорија.

90 прашања во 10 категории

Регистрација и сообраќајна дозвола

„Регистрација“ е одобрување за користење на возило на пат што вклучува негова идентификација со издавање на сериски број познат како број на регистрација. Возилото се регистрира по поднесено барање од страна на сопственикот на возилото. Регистрација на возила врши Министерството за внатрешни работи според живеалиштето, односно седиштето на сопственикот или доколку сопственикот има подружница според седиштето на подружницата, односно на носителот на правото на користење на возилото. Со постапката на регистрација на возилото истото е внесено во регистерот на регистрирани возила во нашата држава. Возилото може да учествува во сообраќајот на патиштата во државата само доколку е регистрирано а за да биде регистрирано мора да биде технички исправно и да поседува полиса за осигурување. Со последните измени на Законот за возила во иднина регистрацијата на возилата ќе можат да ја вршат и вработени во станиците за технички преглед кои ќе бидат овластени од страна на МВР на РСМ. Исто така веќе можно е да се регистрираат возила и надвор од местото на живеење на сопственикот на возилото односно сите возила регистрирани во нашата држава ќе можат да извршат само продолжување на важноста на регистрацијата во било кое место во нашата држава без разлика на резидентноста на сопственикот.

За да може возилото непречено да учествува во сообраќајот потребно е периодично да се врши продолжување на важноста на сообраќајната дозвола после утврдување на исправноста на возилото. Со закон е забрането учество на возило во сообраќајот во нашата држава доколку за истото не е извршено продолжување на важноста на сообраќајната дозвола. На задната страна од сообраќајната дозвола е наведен датумот на нејзината важност кој подлежи на продолжување. Возилото не смее да учествува во сообраќајот дури ни кога има извршен технички преглед на кој е утврдена исправноста на возилото но сепак не е продолжена важноста на сообраќајната дозвола.

Важноста на сообраќајната дозвола истекува на датумот кој е наведен на задната страна на сообраќајната дозвола точно во 24:00 часот истиот ден. (на пример ако наведениот датум на важност на сообраќајната дозвола е 04.09.2022, тоа значи дека сообраќајната дозвола е употреблива без продолжување до 04.09.2022 година најдоцна до 24:00 часот.) За да продолжи употребата на 05.09.2022 од 00:01 часот потребно е да биде продолжена важноста на сообраќајната дозвола пред истекот на периодот на важење.

Најстрого е забрането и е казниво учество во сообраќајот на патиштата на возило на кое му е истечена важноста на сообраќајната дозвола и истата не е правовремено продолжена.

По ова прашање законот во нашата држава е максимално прецизен и согласно законските норми секое возило за да учествува во сообраќајот на патиштата МОРА да има важечка регистрација односно важечка сообраќајна дозвола. Со доказ за успешно извршен технички преглед и потврдена исправност на возилото а не и навремено продолжена важност на сообраќајната дозвола возилото НЕ СМЕЕ да учествува во сообраќајот на патиштата.

Продолжувањето на важноста на сообраќајната дозвола можно е да се изврши најрано 30 дена пред истекот на важноста на сообраќајната дозвола. Секако по извршен технички преглед и утврдена исправност на возилото и изготвена полиса за задолжително осигурување од автоодговорност. Во овој случај важноста на сообраќајната дозвола се продолжува на една година од датумот кога би требало да заврши важноста од претходната година.

Сумата која треба да се плати за услугата за технички преглед е пропишана од страна на државата и објавена во Службен Весник на РСМ. Истата се разликува за посебни категории на возила. Попуст на истата сума не е дозволен без разлика на бројот на возила кои се поседуваат или за кои се врши технички преглед. Сумата која треба да се плати за да се регистрира возилото или за да се продолжи важноста на сообраќајната дозвола е пропишана од страна на државните институции. Оваа сума се состои од сума определена за фонд за јавни патишта, комунална такса, Црвен крст, Републички совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, административни такси, буџет на РСМ, еколошка такса и сл. Вредноста која треба да се плати по пооделни основи се пресметува во зависност од карактеристиките на возилото и припадноста на возилото кон интернационално дефинираните категории на возила. Некогаш самата категорија на возилото и подкатегорија ја дефинираат цената, понекогаш вредноста е дефинирана во зависност од зафатнината на моторот, силината на моторот, носивоста и сл.

Станиците на Пауер Спорт Систем работат од понеделник до петок од 07:00 до 16:00 часот, а во сабота од 08:00 до 15:00 часот. Во недела станиците не работат. Во било која станица според податоците од сообраќајната дозвола на возилото, ќе добиете прецизна информација колку точно ќе Ве чини техничкиот преглед и продолжување на важноста на сообраќајната дозвола. Од неодамна оваа услуга можете да ја добиете и на андроид апликацијата на ПСС која можете да ја инсталирате преку интернет.

По инструкции од Органот за регистрација на возила во РСМ (МВР на РСМ) секоја уплата на фондот за јавни патишта мора да биде уплатена на оригинална уплатница или доколку е електронски уплатена треба уплатата да биде заверена во банка. За ова инструкција не постои правна ниту законска обврска туку практично се инсистира на ваков начин на постапување од страна на референтите на МВР.

Имајќи го на ум фактот дека Органот за регистрација на возила во РСМ (МВР на РСМ), не врши продолжување на важноста на сообраќајната дозвола без пред тоа да се потврди наплатата на сумата а фондот на јавни патишта а истата се плаќа на сметка на ЈПДП за патишта, не е возможно оваа сума да се наплати на фактура. Од слични причини не може да се наплатат на фактура ни останатите државни давачки бидејќи тоа не се приходи на ПСС Скопје туку на државните институции.

При продолжување на важноста на сообраќајната дозвола битно е да се напомене дека доколку тоа се направи пред истекот на важноста на сообраќајната дозвола, во период од 30 дена пред истекот, важноста на сообраќајната дозвола ќе се продолжи од датумот на истекот на сообраќајната дозвола наведен на задната страна од сообраќајната дозвола. Доколку продолжувањето на важноста на сообраќајната дозвола се направи по истекот на важноста на сообраќајната дозвола наведен од задната страна на сообраќајната дозвола тогаш продолжувањето ќе биде од денот кога се врши продолжувањето на важноста на сообраќајната дозвола. Продолжувањето на важност на сообраќајната дозвола не може да се продолжи во период порано од 30 дена до истекот на важноста на сообраќајната дозвола а исто така не може ни да се издаде основна осигурителна полиса за автоодговорност во овој период. Доколку сепак се инсистира да се изврши продолжување на важноста на сообраќајната дозвола во период порано од 30 дена од истекот на важноста на сообраќајната дозвола, тогаш постои постапка за поништување на регистрацијата на возилото и пререгистрирање на истото возило со почеток на важноста на регистрацијата од денот кога се бара да биде важноста на сообраќајната дозвола.

Технички преглед

За да може едно возило да учествува во сообраќајот на патиштата пред се мора да се утврди дека е технички исправно. Согласно законските акти тоа се врши во просториите на правното лице овластено за вршење на технички преглед на возилата. Во рамките на техничкиот преглед на возилото се проверуваат сите системи и уреди на возилото за активна и пасивна безбедност како и општата исправност на возилото. Утврдување на исправноста на возилото преку технички преглед на возилото е обврзно за сите возила. Само возила кои се технички исправни може да добијат продолжување на важноста на сообраќајната дозвола и смеат да учествуваат во сообраќајот на патиштата.

Во согласност со законските акти кои важат за оваа материја во нашата држава, техничките прегледи на возилата се обврзни најмалку еднаш годишно за сите возила. Исклучок има кај поедини категории и подкатегории возила кај кои техничкиот преглед се врши на период подолг од една година, но исто така постојат и возила кај кои се врши и дополнителен технички преглед на 6 месеци (автобуси, возила за превоз на деца, возила за обука за кандидати за возачи, рент-а-кар возила, возила за транспорт на опасни материи и сл). Услужни односно контролни технички прегледи на возилата се дозволени и пожелни секогаш кога сопственикот на возилото ќе има потреба од тоа (после поголеми поправки на возилото, после поправки на битните системи и уреди за активна безбедност на возилото, после поголем период на неупотребување на возилото, пред подолги патувања и сл.)

Исправноста на возилото е директна одговорност на сопственикот на возилото. При спроведување на техничкиот преглед на возилото се утврдува моменталната техничка исправност на возилото, но сопственикот е одговорен да го одржува возилото во технички исправна состојба во целиот период на користење на возилото. Обврска на сопственикот на возилото е да ги санира навреме сите недостатоци на возилото и да го контролира дополнително возилото секогаш кога ќе се појави потреба за тоа.

Препорачливо е техничката проверка на исправноста на возилото да се врши неколку дена пред истекот на важноста на постоечката сообраќајна дозвола за да може во меѓувреме да се отстранат евентуалните неисправности на возилото и во постоечкиот рок на важност на сообраќајната дозвола да се изврши продолжување на важноста на сообраќајната дозвола. Секако доколку се работи за големи и битни неисправности на системите и уредите на возилото, истото ќе треба да биде преземено од возило на шлеп служба бидејќи во тој случај возилото би било небезбедно за учество во сообраќај.

Пожелно е веднаш да организирате транспорт на возилото до механичарски сервис и поправка на утврдените неисправности на возилото, како би можеле во законски предвиден рок од 30 дена од денот на утврдување на техничката неисправност на возилото да ги отклоните сите неисправности и на возилото да му се продолжи важноста на сообраќајната дозвола. Доколку не се запази периодот од 30 дена тогаш ќе мора целосно одново да се повтори постапката за технички преглед и продолжување на важноста на сообраќајната дозвола. За оваа намена во станиците за технички преглед на ПСС постои механичарски сервис кој може за кратко време да ги корегира неисправностите по прифатливи цени.

АПСОЛУТНО НЕ! Одржување на безбедноста во сообраќајот е задача на сите учесници во сообраќајот. ВИЕ како сопственик на возило сте обврзани во секој момент да се грижите Вашето возило да биде во исправна состојба и во ниеден момент да не биде закана за Вашата безбедност, безбедноста на Вашето семејство и останатите патници во Вашето возило како и на останатите учесници во сообраќајот. Доколку на Вашето возило е утврдена неисправност при техничкиот преглед на истото во станица за технички преглед должни сте ВЕДНАШ да ја отстраните неисправноста на Вашето возило и да се погрижите да ја исполните Вашата должност во системот на обврски кон безбедноста во сообраќајот а која се однесува на ВАС и ВАШЕТО возило.

За сите клиенти на ПСС Скопје кои редовниот технички преглед го извршиле во станиците за технички преглед на ПСС Скопје, може во секој работен ден да се направи контролен технички преглед на барање на сопственикот на возилото. Имајќи ја на ум нашата заложба за зголемување на безбедноста во сообраќајот за нашите клиенти оваа услуга е бесплатна.

Согласно со процедурите поврзани со претходно набројаните постапки и начинот на спроведување на постапките изрично изискува да бидат присутни возилата. Ова оттаму што е потребно да се извршат проверки и испитувања на самите возила. Впрочем сите овие постапки се спроведуваат со цел да се утврди состојбата и исправноста на возилото.

Согласно со законските акти во нашата држава техничкиот преглед се извршува се додека не се проверат сите системи и уреди на возилото и сите тие мора да бидат исправни. Воедно времето за завршување на техничкиот преглед зависи и од тоа колку возила за преглед има во тој период од денот. Исто така треба да се напомене дека во определени сезони одредени уреди за контрола на системите на возилото имаат поспора работа (во зима возилата не се доволно загреани и сл)

Согласно законските норми во нашата држава проверката на возилото во постапката за проверка на техничката исправност на возилото ја спроведуваат технички испитувачи (контролори) кои се стручни за изведувањето на техничкиот преглед. Во склад со ова не е можно сопственикот сам да го вози возилото на патеката за проверка на возилото.

Согласно законските норми во нашата држава одредени категории на возила кои за прв пат се регистрираат (нови возила) подлежат на проверка на техничката исправност на секои две години до период од осум години старост. Но тоа не значи дека се ослободени од постапката за продолжување на важноста на сообраќајната дозвола секоја година и должни се да ги подмират финансиските обврски за оваа постапка.

Документи и полномошна

За возила увезени од странство потребни се следниве документи: странска сообраќајна дозвола (одјавена во државата на увоз), преведена на овластен судски преведувач и заверена на нотар, фактура или купопродажен договор (исто така преведени на судски овластен преведувач и заверени на нотар), потврда за регистрација издадена од царинска управа, Потврда за сообразност или Согласност за регистрација (хомологациски документ), за правно лице тековна состојба не постара од 6 месеци (може и копија), полномошно за лицето кое ќе го регистрира возилото во име на правното лице. За нови возила набавено од импортер и кои никогаш претходно немале регистрација: фактура од продавачот, потврда за регистрација издадена од царинска управа, Потврда за сообразност или Согласност за регистрација (хомологациски документ), за правно лице тековна состојба не постара од 6 месеци (може и копија), полномошно за лицето кое ќе го регистрира возилото во име на правното лице

Кога возилото е во сопственост на физичко лице потребно е: сообраќајна дозвола, важечка лична карта на сопственикот, осигурителна полиса за автоодговорност и барање за регистрација на возилото со потврда за неговата техничка исправност заверена од страна на двајца технички испитувачи (контролори) во станица за технички преглед. Кога возилото е во сопственост на правно лице: сообраќајна дозвола, важечка лична карта на ополномоштеното лице, осигурителна полиса за автоодговорност, барање за регистрација на возилото со потврда за неговата техничка исправност заверена од страна на двајца технички испитувачи (контролори) во станица за технички преглед, уплата на фонд за јавни патишта преку банка или со платежна картичка во сопственост на правното лице, тековна состојба за правното лице не постара од 6 месеци (може и копија) и полномошно на физичкото лице кое ќе ја спроведе постапката во име на правното лице.

Покрај сопственикот на возилото продолжување на важноста на сообраќајната дозвола може да изврши и друго лице на кое сопственикот му одобрил да го регистрира возилото во негово име преку нотарски заверен документ за регистрација на возилото во име на сопственикот.

Да исклучиво во оригинал. Овој документ останува во досието на возилото кое се чува кај Органот за регистрација на возила во РСМ (МВР на РСМ)

При изработка на полномоштвото кај нотар мора да се внимава за што се дава полномоштвото. Доколку полномоштвото се дава за управување на возилото истото не може да се употреби за продолжување на важноста на сообраќајната дозвола. За да може едно полномоштво да се користи за продолжување на важноста на сообраќајната дозвола мора тоа да е јасно наведено на документот, во спротивно истиот не може да се прифати.

При употреба на возилото може да се користат неколку вида на документи за полномоштво и тоа: Полномоштво за употреба односно управување на возилото на територија на нашата држава кое се издава кај нотар за физички лица или издадено и заверено кај правното лице сопственик на возилото, документ за полномоштво за регистрација на возилото и продолжување на важноста на сообраќајната дозвола, документ за употреба на туѓо возило во странство се издава во станиците на ПСС Скопје, документ за полномоштво за понатамошна продажба на возилото, се издава на нотар или го издава правното лице на лице кое понатаму врши продажба на возилото во име на сопственикот.

За да може едно возило да се управува во странство од лице кое не е сопственик на возилото потребно е да има дозвола за управување на туѓо возило во странство. Без ваква дозвола возилото не може да ја напушти територијата на РСМ. Ваквата дозвола се добива во станиците на ПСС Скопје, а за да се добие истата потребно е да има писмена потврда за согласноста на сопственикот да му го даде возилото на корисникот на користење. За возила во сопственост на физичко лице потребно е сопственикот лично присутен, со важечка лична карта и важечка сообраќајна дозвола за возилото да со потпис потврди дека го дава возилото на користење. Лицето кое ќе го користи возилото потребно е со лично присуство и важечка патна исправа (пасош) со потпис да го потврди примањето на возилото на користење. За правни лица потребна е потврда од правното лице со која се потврдува дека е дозволено одредено физичко лице да го користи возилото во странство.

Во одредени држави неопходно е поседување на меѓународна возачка дозвола. Тоа е документ кој се издава врз основ на националната возачка дозвола. Доколку е истечена националната возачка дозвола или доколку има било каква забрана или ограничување на националната возачка дозвола не е можно издавање на меѓународна возачка дозвола за тоа лице. За да се издаде меѓународна возачка дозвола потребни се две слики (димензии како за пасош), важечка национална возачка дозвола и потврда од МВР на РСМ дека нема забрана или ограничување за користење на националната возачка дозвола (се издава во станиците на ПСС Скопје).

При регистрација на возилото и продолжување на важноста на сообраќајната дозвола потребна е и проверка на податоците за сопственикот односно правното лице заради можноста за промена на податоците за правното лице во времето помеѓу две продолжувања на важноста на сообраќајната дозвола. При изработка на нова сообраќајна дозвола и при промена на сопственост обврзно е приложување на тековна состојба на правното лице заради правилно впишување на податоците во новата сообраќајна дозвола.

Покрај вообичено потребните документи, при регистрација на такси возило потребно е да се достави и лиценца за вршење на такси превоз издадена од надлежната општина (односно од Град Скопје како специфична општина). Потребно е да се достават на увид двата дела од лиценцата за вршење на такси превоз, и да има дополнителна полиса за задолжително осигурување за јавен превоз на патници.

Одјава, промена на сопственик и довозување

Кога возилото се одјавува од еден град и треба да се пријави во друг град, во истиот момент на одјавата се враќаат и неговите регистерски таблички кај Органот за регистрација на возила во РСМ (МВР на РСМ). Тоа значи дека возилото во тој момент е неодбележано и неозначено и како такво не може да учествува во сообраќајот. Постојат две можности истото возило да се довезе до другиот град. Едната можност е за возилото да се побараат и да се издадат пробни таблички со кое возилото ќе може да учествува во сообраќајот а другата можност е возилото да се превезе со шлеп служба. Превезување со влечење на возило не е дозволено.

Возило со истечена важност на сообраќајната дозвола не смее да учествува во сообраќајот. Постојат две можности како може возилото да се довезе до станица за технички преглед. Едната можност е за возилото да се побараат и да се издадат пробни таблички со кое возилото ќе може да учествува во сообраќајот а другата можност е возилото да се превезе со шлеп служба. Превезување со влечење на возило не е дозволено.

Возило кое е неодбележано и неозначено со регистерски таблички не смее да учествува во сообраќајот. Постојат две можности како може возилото да се довезе до станица за технички преглед. Едната можност е за возилото да се побараат и да се издадат пробни таблички со кое возилото ќе може да учествува во сообраќајот а другата можност е возилото да се превезе со шлеп служба. Превезување со влечење на возило не е дозволено.

„ОДЈАВА“ на возилото значи едно возило да се избрише од одредена база на возила, да се вратат постоечките регистерски таблички и да го промени местото на регистрација. Доколку се работи за возило увезено од странство кое за прв пат се регистрира во РСМ, потребно е во земјата на увоз да се одјави возилото од регистарот на возила и со документ или печат во сообраќајната дозвола да се потврди дека истото е одјавено. Доколку се работи за возило кое е одјавено од еден град на РСМ во друг тогаш е потребно да се одјават и вратат регистерските таблички од тоа регистрационо подрачје, на сообраќајната дозвола да се одбележи постапката на одјава со печат, датум и потпис и воедно возилото да се одбележи соодветно во електронскиот систем кај органот за регистрација на возила во РСМ (МВР на РСМ) за да може да биде „видливо“ во другите регистрациони подрачја во нашата држава.

Возилото во начело треба да биде одјавено од страна на сопственикот на возилото но исто така може одјавата на возилото да ја изврши и новиот сопственик на возилото приложувајќи го договорот за купопродажба на возилото. Согласно законските норми во нашата држава рокот за промена на сопственоста над возилото е 15 дена и двете страни (купувачот и продавачот) се должни да обезбедат ова да биде направено во законски пропишаниот рок.

При постапката за промена на сопствеништвото над возилото се менува сопственикот на возилото во сообраќајната дозвола на возилото. За да се спроведе оваа активност потребно е да се достави купопродажен договор, фактура или друг документ (документ за наследство, документ за поделба на имот, потврда за купено возило на лицитација или аукција, документ за откуп на запленето возило и сл.), со кој ќе се потврди дека сопствеништвото над возилото се променило со документ издаден од државните институции или со знаење на претходниот сопственик преминува во сопствеништво на новиот сопственик.

Промената на сопствеништвото над возилото се докажува со документи, па оттаму не е потребно физичко присуство на претходниот сопственик при постапката на промена на сопствеништвото над возилото.

Законскиот рок за оваа постапка е 15 дена од склучувањето на договорот за купопродажба на возилото. Согласно со ова во законските акти се пропишани и санкции за непридржувањето кон ова.

Таблички

Пробните таблички се времено издадени регистерски таблички за возило. Нивната намена е да се пренесе возилото од една до друга дестинација а во период кога за него не се издадени трајни регистерски таблички или датумот на веќе издадената сообраќајна дозвола е истечен. Со пробни таблички возилото треба да се одвози на технички преглед, на сервис, да се преземе од царински склад, да се одвози од еден град во друг и сл. Со законски акти е пропишана процедурата за издавање на пробните таблички, потребна документација, начинот на водење на евиденција и сл. Овие таблички се издаваат со рок на важност најмногу до 5 дена.

Не е препорачливо за возило кое воопшто не било регистрирано во Р.С.Македонија да се издаваат во повеќе наврати пробни таблички. Но законски не е недозволено, секако дека финансиски нема оправданост да се издаваат повеќепати пробни таблички во замена за регистрирање на возилото. Од друга страна за веќе регистрирани возила е обврзно секогаш кога на возилото ќе му биде истечена важноста на сообраќајната дозвола а истото треба да се одвезе од едно место до друго да се издадат пробни таблички. Исто така кога возилата го менуваат регистрационото подрачје потребно е да имаат пробни таблички ако претходните се одјавени или истечени а возилото треба да се одвози до друг град. Во возило кое е означено со пробни таблици не смеат да се превезуваат други лица освен возачот (и носителот на потврдата доколку не е возач) и не смее да се превезува товар односно да се врши комерцијална дејност.

„ЦРВЕНИ“ или регистерски таблички за „вонгабаритност“ на возила се издаваат најчесто, кога самите возила ги надминуваат максимално дозволените масени односно геометриските параметри пропишани со закон. (потешки од 40t, поголема ширина од 2,50м и поголема висина од 4,0м и должина поголема од максимално дозволената должина за одредена категорија на возила). Како и останатите регистерски таблички така и овие се однесуваат на секое возило посебно и не е возможно издавање на таблички за вонгабаритно возило земајќи ги во обзир возилата во група односно влечен воз. Одлуката дали некое возило исполнува услови за издавање на таблички за вонгабаритност е на органот за регистрација на возила односно МВР на РСМ.

„ЗЕЛЕНИ“ регистерски таблички се издаваат за трактор и приклучно возило за трактор. Нивната употреба е ограничена на местото на живеење на сопственикот и местото каде редовно се употребува тракторот.

Согласно со законските акти во нашата држава одредени возила посебно е да бидат посебно означени во поглед на регистерските таблички согласно со нивната намена, категоризација и примена. Во оваа група спаѓаат возилата за авто такси превоз на патници, возила со статус на возила со историска вредност (олдтајмери), возило на дипломатски и конзуларни претставништва и на мисии на странски држави и меѓународни организации, возила кои не ги исполнуваат законски пропишаните услови, мобилни машини и мотокултиватори како и трактор и приклучно возило за трактор, службени возила на државните служби, јавни институции и останати државни претпријатија. Сите овие групи на возила имаат поинаков изглед на регистерските таблички а со тоа се и посебно означени.

Согласно со законските акти возилата со статус на возила со историска вредност-олдтајмери добиваат регистерски таблички во бела боја на која со сиви букви е исполнета содржината како на приказот

Регистерска табличка за возило со историска вредност (олдтајмер)

Доколку заради обликот на задната страна на возилото не е можно да се постави правоаголна табличка тогаш се поставува само на задната страна погоренаведената квадратна табличка. За мотоциклите кои имаат статус на возило со историска вредност табличката изгледа како подоле прикажаната.

Регистерска табличка за мотоцикл со историска вредност (олдтајмер)

За да може едно возило да добие статус на возило со историска вредност потребно е да е произведено пред 35 и повеќе години и да биде во состојба автентична на онаа во која е произведено или да биде поправано со автентични делови или со делови од неговата генерација во време на производството. Автентичноста на возилото се утврдува преку посебна комисија во пропишана постапка. Треба да се напомене дека возилата кои се увезуваат а веќе се олдтајмери имаат една постапка за регистрација а оние кои се во нашата држава регистрирани од времето кога не биле олд тајмери имаат друга постапка за регистрација и употреба. Возилата кои се увезуваат во државата а веќе се постари од 35 години имаат намалени услови за увоз но и нивната употреба е ограничена на користење при снимање на филмови, учества на дефилеа, паради, промоции и слично заради олеснетите услови за увоз и општата состојба. Оние кои се во државата регистрирани од времето кога биле нови немаат вакви ограничувања.

Доколку некое возило се извезува надвор од државата во определена процедура му се издаваат пробни таблички за напуштање на државата со одредена важност и со одредена полиса за таа намена. Ова е неопходно доколку сопственикот има желба да го извезе возилото од државата со возење.

Табличките со посакувана содржина се регулирани со законски акт и се издаваат исклучиво кај Органот за регистрација во РСМ (МВР на РСМ). Постапката за нивно издавање започнува од Секторот за Управно надзорни работи, Оддел за граѓански работи, Оддел за управни работи при МВР на РСМ. Таму по консултација со сопственикот на возилото се утврдува содржината и можноста за издавање на регистерски таблички со посебна содржина, како и нивната вредност и временски рок за изработка.

Обезбедувањето на обрасците за сообраќајни дозволи како и регистерските таблички е обврска на Органот за регистрација во РСМ (МВР на РСМ). Секогаш кога од разни причини има недостиг на овие обрасци и регистерски таблички за истите се јавува недостиг во сите станици за технички преглед во државата, а тогаш и нашите станици за технички преглед не може да бидат исклучок.

Согласно со последните измени на Законот за Возила, овозможено е лесните приколки покрај досегашната практика да се регистрираат со дополнителна трета регистерска табличка од влечното возило, по барање на сопственикот да може да се регистрираат и со посебна табличка. Ваквиот начин на регистрација на лесните приколки овозможува поголема флексибилност при користењето на овие приколки но исто така има и одредени специфики и обврски кои сопственикот треба да ги прифати. Имено, кога лесната приколка користи трета табличка идентична со онаа на возилото, тогаш приколката е подлежна само на технички преглед во период од 4 години а се користи регистрацијата и осигурувањето од влечното возило. Во случај кога се издава посебна табличка за лесна приколка, тогаш приколката ги губи повластиците кои ги користела како лесна приколка со трета табличка. Сега тоа е посебно возило со засебна регистерска табличка, со засебна сообраќајна дозвола и оваа приколка правно-технички не се разликува од било кое приклучно возило, треба да има обезбедено посебна полиса од автоодговорност како и зелен картон во случај на напуштање на државата.

Увоз на возила

При увоз на возило од странство согласно со законските акти потребно е возилото најнапред да се пријави за царинење преку правно лице за шпедитерски услуги по избор на сопственикот на возилото. По завршување на царинската постапка, потребно е возилото да се довезе во техничка служба овластена за одобрување на возилото (хомологација). При тоа во техничката служба треба да се приложат во оригинал следнива документи: потврда за регулирани царински и други давачки, странска сообраќајна дозвола за возилото (сите делови, доколку е во повеќе делови), потврда за исполнување на техничките барања за возилото (или популарен ТИФ документ) и друга документација која ќе потврди дека на возилото се извршени одредени преправки во државата извозник а кои се одобрени или не. По издавањето на документ за одобрување на возилото (хомологација) врз возилото се спроведува технички преглед и се поднесуваат сите документи (во оригинал или копија заверена на нотар) на шалтерот на органот за регистрација на возила во РСМ (МВР на РСМ). Треба да се внимава возилото да е одјавено од регистарот на возила во земјата извозник, странските документи (странска сообраќајна дозвола и купопродажен договор или фактура) да се преведени од овластен судски преведувач за одреден јазик и истите преводи да се заверени на нотар.

При увоз на возила од странство дозволено е да се увезуваат само возила кои исполнуваат услови од генерација на услови познати како EURO 4 генерација. Тоа значи дека возилото треба да ги исполнува сите ЕУ директиви кои се генерациски адекватни со нивото на издувна емисија EURO 4. Постојат отстапки за одредени карактеристични специјални возила како и за одредена категорија на увозници на возила кои се споменати во законските акти. (за подетални информации обратете се во техничката служба при ПСС Скопје).

При увоз на возило од странство потребно е да се подмират трошоците за царинење и царинско даночните давачки при увоз на возилото, потоа трошоци за одобрување на возилото (хомологација) и на крај трошоци за технички преглед и прва регистрација на возилото.

Данокот на возила е воведен во 2020 година со посебен Закон за данок на возила. За различни категории на возила различен е методот на пресметка, па така за патничките возила се пресметува согласно нивото на издувна емисија поточно концентрацијата на CO2 во издувните гасови. Товарните возила се ослободени од плаќање на овој данок додека пак кај мотоциклите пресметката се врши врз основ на зафатнината на моторот. Согласно споменатиот закон постои матрица според која се пресметува оваа компонента на данокот на возила. Другата компонента на овој данок се пресметува во зависност од вредноста на возилото согласно матрица за таа намена. Данокот на возила се наплаќа при увоз на возилото односно за времетраење на постапката за царинење на возилото.

Возилата кои не се произведени согласно европскиот стандард се увезуваат согласно постапка за увоз на возила кои исполнуваат најмалку TIER 2 стандард на САД. Треба да се има на ум дека кај некои возила може да има проблеми со боите на деловите од светлосната сигнализација, со брзиномерот како и со непостоење на втисната Идентификациска ознака на возилото (број на шасија). Посебно е нагласен проблемот со обезбедување на податок за вредноста на CO2 компонентата од емисијата на издувните гасови. Ова оттаму што циклусот на испитување во лабораториски услови како и мерните единици во кои се изразува оваа компонента во САД не е ист како оние во Европа. Оттука вредностите кои може да се обезбедат се нелогични и неприменливи со матрицата за одредување на оваа компонента во законот за данок на возилата. Согласно со одредбите од овој закон доколку не се обезбеди точен податок за оваа компонента во издувната емисија ќе се смета дека нејзината вредност е 400 g/km. Според сегашните прописи во нашата држава, може да се увезуваат само патнички возила и мотоцикли, со стандарди кои не се согласни со европските и се во склад со TIER 2 стандардот. Возила кои не се произведени ниту по ЕУ ниту по САД стандарди не може да се увезат во РСМ.

На нашата веб страна постојат контактни податоци за техничката служба која ги спроведува постапките за одобрување на возилата (хомологација) и таму е вистинското место каде треба да се обратите за да добиете најточни информации околу тоа дали некое возило ги исполнува потребните услови за увоз и одобрување во нашата држава. Погрешен е пристапот да се обратите до шпедитер, цариник, возач на камион, механичар, продавач на нови или половни возила, кај еден „дечко“, комшија што се разбира и сл. Најточни информации за оваа постапка можете и треба да барате кај вработените во техничката служба.

ПСС Скопје е компанија на која главна дејност и е техничка проверка на возилата, осигурување, испитување на возила за одобрување на истите (хомологација), но покрај тоа нудиме услуги и за сервис на возила, шлеп служба, перална и сл. Но за жал немаме оддел за царинска шпедиција и не сме во можност да даваме информации од таа област. Ве молиме за ваков тип на услуги и информации да се обратите до некоја шпедитерска компанија која застапува физички и правни лица пред царинските органи на РСМ.

Според законските одредби во нашата држава одредени (не сите) специјални возила имаат привилегиран статус од аспект на исполнување на хомологациските барања. Во оваа група спаѓаат следниве возила со облик и намена на каросеријата: бетономешалки (од фиксен не од контејнерски вид), возила за подигање и транспорт на смет, автодигалки, возила со постаменти и скалила кои се издигаат, амбулантни возила, специјализирани работилници и сл. За сите овие нивото на директиви во генерација со еуро нормативите е поставено на ниво од минимум ЕУРО 1.

За да се регистрира возило од увоз потребно е да се завршат неколку процедури. Првата процедура е да се оцарини возилото, и за оваа процедура не можеме да Ви дадеме прецизно времетраење на постапката. Потоа возилото треба да помине постапка на одобрување која трае од 5-10 дена во зависност од работата на Органот за одобрување – Бирото за Метрологија на РСМ (или доколку возилото е типски одобрено во РСМ или има СОС документ тогаш постапката се завршува практично - веднаш), последната процедура е регистрација на возилото за која од поднесувањето на потребната документација во МВР на РСМ потребни се 3-4 дена за да може да се регистрира возилото. Времето изразено во денови се однесува само за работни денови.

За да може едно возило да се испитува во делот на одобрување на возилото (хомологација), мора да има потврда за подмирени царински обврски, па оттука јасно е дека при увоз на возило прво се спроведува царинската процедура а потоа процедурата за одобрување на возилото (хомологација)

Хомологација, атест и техничка служба

Согласно законските акти во нашата држава, неопходно е после секоја преправка или поправка на возилото да се утврди дали истата е извршена во согласност со законските прописи и дали се вградени одобрени делови и материјали за таа намена. МОРА да се изврши атест на возилото за да се осигура безбедно учество на предметното возило во сообраќајот. Директна одговорност на сопственикот е да ја пријави секоја промена на состојбата на возилото и по потреба да изврши атестирање на возилото.

Кога на одредено возило ќе се изврши промена на одреден склоп, систем или нешто дополнително ќе му биде вградено потребно е да се одобри истата промена (односно да се атестира возилото). Процедурата бара возилото да дојде до најблиската станица за технички преглед каде ќе се утврди промената и за тоа ќе се изготви записник, потоа органот за регистрација на возилата во РСМ (МВР на РСМ) ќе издаде упат до посакуваната техничка служба од страна на сопственикот каде ќе се изврши атестирање на промената на возилото. Во техничката служба возилото ќе биде детално прегледано и доколку се исполнети сите конструкциски и законски услови, ќе биде издадена Потврда за сообразност за преправен/поправено возило и допис до МВР на РСМ. Потоа со оваа потврда контролорите во станицата за технички преглед повторно го прегледуваат возилото и ја споредуваат новодоставената документација и нејзината компатибилност со предметното возило и неговата состојба. Крајната фаза е евидентирање на промените во сообраќајната дозвола од страна на органот за регистрација на возилата во РСМ (МВР на РСМ).

Атест односно одобрување на промените на едно возило се прави исклучиво во просториите односно испитните места на техничката служба овластена од страна на државата (претходно акредитирана за одреден опсег на испитувања) за одобрување на одреден вид на промени (преправки/поправки) кај возилата.

Техничка служба е посебен вид на испитно тело кое во постапка на акредитација ја потврдува својата стручност и компетентност за одредени испитувања кај возилата врз основ на што добива властување од страна на државата. Техничката служба не е исто што и станица за технички преглед. За да може да се овласти една техничка служба да работи, работи од областа на испитување на возилата неопходно е истата да има простор во одредена станица за технички преглед, но не мора секоја станица за технички преглед да има техничка служба.

Цената за услугата за испитување и одобрување на промени кај возилата (за разни промени преправки/поправки) е пропишана од страна на државата и објавена во службен весник на РСМ бр. 161/2013

Цената за услугата за одобрување (хомологација) на возилата (за сите категории) е пропишана од страна на државата и објавена во службен весник на РСМ бр. 161/2013

Согласно со законските барања за спроведување на постапката за единечно одобрување на возило, во постапката неопходна е потврда за исполнување на техничките барања за возилото. Оваа потврда може да биде издадена од производителот на возилото, од застапникот на марката во нашата држава или од независна институција прифатена од Органот за одобрување. Една од независните институции прифатени од органот за одобрување е TUV Sud Munhen, но покрај неа прифатени се и потврди издадени од Tuv Rheinland, Tuv Nord како и од DEKRA. Заради името на институцијата Tuv Sud Munhen која прва почнала да ги издава овие потврди кај нас останало навика да се именува потврдата за исполнување на техничките барања за возилата накратко како „ТИФ“.

Во зависност од моменталните обврски на вработените во Бирото за Метрологија, во зависност од обемот на предмети и сл., времето потребно да се одобри предмет преку Бирото за Метрологија може да се движи од 5-10 дена. Секако дека досега постои позитивна практика во соработка со Бирото за Метрологија да одредени предмети се обработат побргу со замолба од наша страна.

Според сегашните законски одредби кои се на сила во нашата држава, издадените документи Потврда за сообразност и Согласност за регистрација немаат рок на важење и според тоа може да се регистрира возилото кога ќе посака сопственикот. Но сепак ова не значи дека тотално е не можно да се постави некој рок на важност на овие документи за во иднина. Затоа наш предлог е возилата со веќе спроведена постапка за одобрување (хомологација) да се регистрираат согласно сегашните услови за увоз, хомологација и регистрација на возилата.

Осигурување

Полиса е документ за склучен договор за осигурување. Полисата за автомобилска одговорност претставува осигурување од одговорност за штети што сопственикот на моторното возило може да ги причини во сообраќајна незгода и нанесе штета на трети лица. Полисата за осигурување од автомобилска одговорност можете да ја обновите 30 дена пред истекот на датумот на важност. За времетраење на важноста на сообраќајната дозвола на возилото истото мора да биде покриено со осигурителна полиса за автоодговорност во целиот период без исклучок и без прописно издадена и означена полиса за автоодговорност согласно законските норми не може да се продолжи регистрацијата на возилото.

При сообраќајна незгода може да дојде до повреда на возачот, како и на патниците во возилото. Со полисата за автоодговорност, при доброволно осигурување на патниците во возилото, се покриваат штетите, односно патниците имаат право на надомест за здобиените телесни повреди, смрт или нарушување на здравјето, предизвикани во сообраќајната незгода. За возилата со кои се врши дејност превоз на патници во патниот сообраќај обврзно е сите патници да бидат осигурени од повреди при превозот, за возилата кои се во приватна сопственост ова осигурување е на доброволна основа.

Со полисата за осигурување од автомобилска одговорност може да склучите дополнително осигурување од кршење на стаклата.

Со ова осигурување добивате заштита на стаклата на вашето моторно возило од кршење и оштетување.

Франшиза претставува дел од осигурување на возилото со која договорувачот-осигуреникот на полисата со одреден паричен износ учествува во покривањето на материјална штета на возилото кое има осигурување. Ова е посебно важно да се знае при обезбедување на полисата за осигурување од сите ризици кај возилата (CASCO) како и кај патничкото, туристичко осигурување. Важно е договорувачот-осигуреникот да е свесен каква полиса поседува и колкав е неговиот удел во услугите кои се покриени со полисата која ја поседува.

Полисата за патничко осигурување овозможува заштита и сигурност на патниците за време на привремен престој во странство и гарантира покривање на трошоци во случај на користење на неопходна медицинска помош заради ненадејна болест или последици од несреќен случај – незгода. Условите (дали има франшиза, покритие на телефонски разговори, доцнење и губење на багаж итн.) и премијата на ПЗО-то зависи од политиката на самата осигурителна компанија. Пред да договорите патничко осигурување пожелно е правилно да се информирате за условите кои важат при склучување на полисата.

Зелениот картон претставува полиса која е задолжителна при патување надвор од државата и претставува гаранција дека во случај на штетен настан предизвикан со Вашето возило врз трето лице на територијата на земјата каде што се случила незгодата, штетата во Ваше име ќе ја надомести осигурителната компанија. Валидноста на Зелениот картон е поврзана со трајноста на полисата за автоодговорност. Односно, со истекот на полисата на автоодговорност, по автоматизам престанува и важноста на Зелениот картон. Постои и опција да се извади зелен картон во траење од еден месец. Вредноста на зелениот картон за патничко и товарно возило не е иста.

Автоодговорноста е законски задолжително осигурување кое секое моторно возило мора го поседува при годишната регистрација. Премијата на ова осигурување е државно регулирана и е иста во сите осигурителни компании.

Износот на премијата со текот на годините се намалува, доколку за времетраењето на полисата не се случи штетен настан предизвикан од Ваша страна и доколку немате прекин на осигурувањето (повеќе од една година).

Попустот го добивате независно од тоа во која осигурителна компанија било осигурано возилото претходната година.

Попустот (бонусот) во премијата (цената) за АО за секоја година без пријавена штета изнесува:

  • 5% - после 1 година
  • 10% - после 2 години
  • 15% - после 3 години
  • 20% - после 4 години
  • 25% - после 5 години

Цената на полисата за осигурување се формира преку софтвер контролиран од Националното биро за осигурување. Начелно секое возило кое немало штетен настан претходната година, во наредната година ќе има цена пониска за 5% од претходната година (максимален попуст до 50%). Притоа треба да се обрати внимание колку години последователно е регистрирано возилото на исто име. Доколку е направена промена на сопственоста во сообраќајната дозвола без разлика на тоа колку возила поседува сопственикот при промената на сопственоста попустот на полисата започнува од 0% во првата година.

Цената на основното осигурување во нашата држава е еднаква кај сите осигурителни друштва и е формирана на национално биро. За одредување на вредноста на основната полиса за одредено возило се користи софтверска апликација на Националното биро за осигурување. Цената се формира во зависност од категоријата на возилото, време на непроменето сопствеништво над возилото и учество во штетен настан со возилото.

Важноста на полисата е наведена на самата полиса. Доколку е истечена важноста на сообраќајната дозвола полисата важи од денот кога е издадена, но доколку сеуште има важност сообраќајната дозвола тогаш полисата важи од наредниот ден по истекувањето на постоечката полиса.

Услуги, клуб картички и сервис

Во објектите на станиците за технички преглед на Пауер Спорт Систем доо Скопје покрај технички преглед и регистрација на возилата може да се добијат и следниве услуги:

  • Продолжување на регистрацијата на возилата
  • Одобрување на возила (хомологација)
  • Атестирање и одобрување на преправки кај возилата
  • Мали преправки
    • вградување на затемнувачки клима фолии на стаклата
    • вградување на уред за погон на возилата на течен нафтен гас (TNG) или компримиран земјен гас (CNG)
    • вградување на влечен уред (кука)
  • Големи преправки кај возилата
    • Промена на обликот и намената на каросеријата
    • Промена на категоријата на возилата (од товарно во патничко и обратно)
    • Вградување на дополнителни самостојни единици (ладилник, натоварна платформа, дигалка, соларка и сл)
    • Утврдување и втиснување на идентификациски ознаки на возило и на мотор
    • Утврдување на вкупен број на места за седење (стоење) во возилата
    • Утврдување на сите релевантни податоци за изработка на сообраќајна дозвола
    • Испитување на возила со променети тркала кои не се одобрени за тоа возило
    • Сертифицирање на возилата за транспорт на опасни материи (ADR)
    • Сертифицирање на возилата за транспорт на лесно расипливи материи (ATP)
    • Испитување на возила за добивање на потврда за исполнување на посебните техничко-експлоатациони услови за возилата за посебни видови на транспорт (ТЕУВ)
    • Испитување на возила за добивање на потврда за исполнување на посебните техничко-експлоатациони услови за возилата за такси превоз (М6)
    • Сертификат за подготвеност на возилата за учество во меѓународен транспорт (ЕКМТ), (CEMT)
    • Издавање на потврда за утврдување на минимално-техничките експлоатациони услови за мобилна машина
  • Издавање на пробни регистерски таблички
  • Издавање на одобрение за управување на туѓо моторно возило во странство
  • Издавање на меѓународна возачка дозвола
  • Издавање на осигурителни полиси за автоодговорност и каско осигурување на возила
  • Осигурување на недвижности
  • Издавање на зелен картон за возила
  • Издавање на патничко осигурување
  • Сервис за возила
  • Перална за возила
  • Авто шлеп служба

и уште многу други услуги…

Купонот за бесплатно перење на возилото важи 7 работни дена независно во која станица ќе се пере возилото и не може да се искористи за друго возило.

Со клуб картичките од нашата компанија клиентите можат да обават дополнителни услуги во нашата компанија со одредени попусти и привилегии. Па така постојат 3 нивоа на клуб картички со различни привилегии. Основен пакет, Медиум пакет и Премиум пакет, Основниот пакет се добива при секоја регистрација на возилата додека Медиум и Премиум пакетот се доплаќаат. За содржините на услугите опфатени во пакетите Ве молиме да ја посетите нашата веб страна www.pss.com.mk или на мобилната апликација на ПСС.

Кога се врши превоз на оштетено возило растојанието кое се наплаќа се пресметува на начин што при поаѓањето на шлеп возилото се нулира бројачот на дневна километража и се остава вклучен се до повторното враќање до подружницата на Зајчев Рид. Кога ќе врати возилото таму се отчитува километражата и во зависност од цената која е важечка за поминат километар на возилото од шлеп службата, се изготвува фискална сметка или фактура во зависност од договорениот начин на наплата. Во случај кога клиентот поседува клуб картичка од моделот Медиум или Премиум пакет можно е во целост или дел од превозот да се покрие со картичката. Доколку картичката покрива на пример 50км а поминати се вкупно 70км клиентот треба да доплати за дополнителните 20км.

Политиката на добра волја во нашата фирма предвидува поклони за клиентите кои во целост ќе ја обават процедурата во нашата компанија. Тоа значи да извршат комплетна проверка на исправноста на возилото и да набават осигурителна полиса за автоодговорност. Доколку нешто од ова не е обезбедено преку нашата компанија не е можно да се добие поклон. Поклоните кои ги доделуваме се форма на програма за лојалност со која им се заблагодаруваме на наш начин на лојалните клиенти.

За ПСС, работно време и контакт

Иако детачираните референти на МВР на РСМ се физички присутни во Станиците за технички преглед сепак надлежност над нив има МВР на РСМ. Во согласност со претходно кажаното и работното време, деловниот однос, изгледот и начинот на комуникација на референтите на МВР со странките го пропишува Секторот за Општи Управни Работи на МВР на РСМ. Во сите станици за технички преглед на Пауер Спорт Систем доо Скопје, работното време на референтите на МВР е јасно истакнато на шалтерите на МВР. Работното време на вработените во ПСС кои имаат овластување да вршат продолжување на регистрацијата на возилата го определува ПСС.

Станиците за технички преглед немаат никакви ингеренции врз работата на референтите на МВР во станиците на технички преглед. Референтите на МВР не се вклучени во хиерархиската подреденост на станиците за технички преглед односно нивни претпоставени се претпоставените лица во хиерархијата на МВР на РСМ во секторот за општи и управни работи на МВР.

Но вработените во ПСС кои имаат овластување да вршат продолжување на регистрацијата на возила се вклучени во хиерархијата на ПСС.

На службениот маил за контакт на компанијата contact@pss.com.mk (објавен на веб сајтот) може во секој момент да аплицирате за работа. Вашето CV го очекуваме со задоволство и ќе го разгледаме со најголемо внимание.

Понекогаш сметаме дека дел од апликантите не се доволно искусни или дека го немаат потребното формално образование за одредено работно место и во такви случаи можно е да не е воспоставен контакт.

Работно време на станиците за технички преглед на ПСС Скопје е од понеделник до петок од 07 до 16 часот, а во сабота од 08 до 15 часот, јасно видливо од нашата веб страница. Во недела станиците не работат. Шлеп службата работи и преку викенд со дежурства.

Нема резултати

Обидете се со друг збор, или јавете се на 15-800 — нашите оператори ќе ви одговорат на сите прашања.

Не го најдовте одговорот?

Јавете се на 15-800 — нашите оператори одговараат на сите прашања.

Контактирајте нѐ