Оддел за сертификација на возила и возачи — партнер на германскиот DEKRA.
Во рамките на ПСС групацијата во функција е и правно лице кое е партнер на германскиот гигант DEKRA во нашата држава, а во моментов се занимава исклучиво со издавање на потврди за технички карактеристики на возилата, неопходни за спроведување на постапката за единечно одобрување на комплетирани и докомплетирани возила.
Друштвото за сертификација на возила и возачи ПСС СВВ ДООЕЛ Скопје има добиено решение за овластување за застапување на германската независна институција DEKRA S.E. Deutschland, преку својата организациона единица DEKRA Automotive doo, Belgrade. Овластувањето е издадено од страна на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, под број УП1-49-4/2026, издадено на 01/07/2026 година.
ПСС СВВ и DEKRA остануваат посветени на партнерството со возачите и институциите на нашата држава, со една јасна визија за побезбеден, помодерен сообраќај и мобилност.
Преку ПСС СВВ, како партнер на DEKRA, на македонските граѓани им се достапни сите технички и стручни новитети во развојот на автомобилизмот, возилата и општата безбедност во сообраќајот.
Испратете барање на sertifikati@pss.com.mk или јавете се на 078 289 778.