Техничка служба

ADR сертификат

Сертификат за подготвеност за транспорт на опасни материи според ADR спогодбата.

За да се издаде ADR сертификат за едно возило, неопходно е истото да биде периодично испитано по однос на неговата можност безбедно да пренесува опасни материи без да изврши директна или индиректна контаминација на подрачјето низ кое поминува. ADR сертификатот се издава за секое специјално дизајнирано возило опишано во ADR меѓународната конвенција кое е наменето за транспорт на одреден вид на опасна материја во согласност со листата на опасни материи издадена од UN. За возилата кои не се наменети и проектирани исклучиво за превоз на опасни материи, а повремено превезуваат прописно спакувани опасни материи, за нив се издава посебен документ кој ја потврдува можноста повремено да се транспортираат прописно спакувани опасни материи во минимално пропишани и прифатени количини.

Напомена: Обврзна е проверка на возилото пред отпочнување на постапката.

Потребни документи

  • Сообраќајна дозвола за возилото со важечки технички преглед
  • Постоечко уверение и сертификат за АДР транспорт (доколку постои)
  • Потврда за извршено периодично испитување на садот (за возила со сад)

Превезувате опасни материи?

Закажете испитување за ADR сертификат.