Техничка служба

Одобрување на тип на возило

Национално одобрување на тип или верификација на веќе одобрен тип во ЕУ.

Постапката за национално одобрување на тип на возило се спроведува најчесто по барање на овластен застапник или претставник на марката на возилото во нашата држава. Со оваа постапка правното лице кое пушта возила на пазар (на нашата држава) бара од Органот за одобрување да му се додели национално одобрување на тип или верификација на веќе одобрен тип во ЕУ. При прегледот на возилото-мостра се споредуваат податоците од одобрението за тип на возило или според доставените поединечни тест извештаи за исполнување на поединечните барања согласно законските прописи за национално одобрување на тип. Согласно законските прописи во нашата држава, оваа постапка е спроведлива за сите категории на возила, како и за самостојни технички единици.

Напомена: Обврзна е проверка на возилото пред отпочнување на постапката.
Препорака: Обврзна е консултација со експерт од техничката служба пред преземање на било каква активност.

Застапник сте на марка возила?

Контактирајте нѐ за постапката за национално одобрување на тип.