Техничка служба

Инспекции на преправки од голем обем

А-тестирање на возила на кои е извршена преправка или поправка во широк опсег.

Испитување (А-тестирање) на возила на кои се извршени преправки или поправки во широк опсег.

Во оваа категорија на инспекција се подразбираат испитувања на возила на кои е извршена некаква преправка или поправка со што е променета постоечката одобрена состојба на возилата.

Секоја промена на карактеристиките на возилото со кое истото преминува од една во друга категорија на возило подлежи на техничка инспекција на возилото. За таа намена неопходно е да се спроведе постапка за инспекција со која точно ќе се утврди припадноста на возилото во одредена категорија, како и утврдување на исполнетоста на техничките услови за да возилото биде категоризирано во одредена категорија. Секако, покрај ова мора да бидат исполнети општите услови за безбедно учество во сообраќајот, како и безбедното ракување и експлоатација на возилото.

Напомена: Обврзна е проверка на возилото пред отпочнување на постапката.
Препорака: Обврзна е консултација со експерт од техничката служба пред преземање на било каква активност.

Секоја промена која предизвикува промена на обликот и намената на каросеријата на возилото е подлежна на техничка инспекција на возилото во целост. При инспекцијата се утврдуваат карактеристиките на новата надградба и возилото во целост и се испитува возилото по основ на исполнување на условите за безбедно учество во сообраќајот, неговата безбедна експлоатација и управување.

Напомена: Обврзна е проверка на возилото пред отпочнување на постапката.
Препорака: Обврзна е консултација со експерт од техничката служба пред преземање на било каква активност.

Честопати во практика се појавува потреба да се утврдат вистинските геометриско-масени параметри на возилото кои од некоја причина во сообраќајниот документ на возилото се неточни, недостигаат или се променети во однос на неговата матична изведба. Во такви случаи се спроведува постапка за утврдување на геометриско-масените параметри на возилото. Оваа постапка е дел и од останатите испитувања на возила каде има можност да постои промена на геометриско-масените параметри на возилото.

Напомена: Обврзна е проверка на возилото пред отпочнување на постапката.
Препорака: Обврзна е консултација со експерт од техничката служба пред преземање на било каква активност.

При вградување или доградување на возило со самостојна техничка единица неопходно е возилото да биде испитано и притоа да се утврдат неколку битни работи, како: можност самостојната техничка единица да биде поставена на конкретното возило, начин на прицврстување, распоред на маси, поставување на системи за сигнализација и заштита и слично. На овој начин, по инспекцијата возилото ќе биде спремно безбедно да учествува во сообраќајот, а исто така управувањето и експлоатацијата ќе бидат безбедни.

Напомена: Обврзна е проверка на возилото пред отпочнување на постапката.
Препорака: Обврзна е консултација со експерт од техничката служба пред преземање на било каква активност.

Промената на погонски мотор на возило е сериозна постапка која изискува квалитетен и стручен пристап за самата промена, но исто така и претходно познавање на одредени прописи од областа на хомологацијата на возилата. Најчесто промената на погонски мотор на возилото значи дека одредени системи и уреди на возилото исто така треба да бидат променети. Затоа, по промената на погонскиот мотор возилото мора да биде изложено на инспекција за проверка дали сите основни принципи се запазени и промената може да биде одобрена. Не секој мотор може да биде вграден во секое возило. Ова е постапка при која е неопходна соработка со техничката служба пред да се преземе било каква активност.

Напомена: Обврзна е проверка на возилото пред отпочнување на постапката.
Препорака: Обврзна е консултација со експерт од техничката служба пред преземање на било каква активност.

Идентификациски ознаки на возило се (VIN) код, или општо познато како број на шасија на возилото, и број на мотор (тип и сериски број). Ова се две ознаки кај сите возила кои точно го идентификуваат возилото. Доколку од било која причина некоја од овие ознаки недостасува или е оштетена и е нечитлива, тогаш е неопходно да се спроведе постапка во која на возилото надлежните органи во државата ќе му доделат идентификациска ознака. Потоа овластена техничка служба ја втиснува, односно поставува на возилото оваа идентификациска ознака.

Напомена: Обврзна е проверка на возилото пред отпочнување на постапката.
Препорака: Обврзна е консултација со експерт од техничката служба пред преземање на било каква активност.

Понекогаш има потреба да се комплетираат податоците за едно возило, а кои се неопходни за да бидат впишани во неговата сообраќајна дозвола. Најчесто од административни причини дел од податоците не се наведени во сообраќајните документи за возилото. За ваквите возила неопходно е да се утврдат сите податоци во постапка која се спроведува во техничката служба, со цел во иднина сите релевантни податоци за возилото да бидат правилно впишани во неговиот сообраќаен документ.

Напомена: Обврзна е проверка на возилото пред отпочнување на постапката.
Препорака: Обврзна е консултација со експерт од техничката служба пред преземање на било каква активност.

Понекогаш се појавува потреба од промена на бројот на седиштата во возилото. За да се утврди дали вградените седишта ги исполнуваат неопходните технички услови и условите на вградување, неопходно е возилото да биде испитано во постапка во која ќе бидат потврдени овие барања. Дури и отстранувањето на седиштата од одредено возило е подлежно на почитување на техничките прописи кои се на сила, а се однесуваат на оваа промена.

Напомена: Обврзна е проверка на возилото пред отпочнување на постапката.
Препорака: Обврзна е консултација со експерт од техничката служба пред преземање на било каква активност.

Понекогаш, од различни причини, е потребно да се променат тркалата на одредено возило. Со таквата промена во многу се менуваат возните својства и стабилноста на возилото. Оттаму неопходна е инспекција на возилото и утврдување на влијанието врз стабилноста и безбедноста на новосоздаденото возило. Затоа, со оваа постапка се потврдува дали возилото ги задржува своите возни својства по замената, дали возните својства на возилото се изменети и дали измената влијае и колку врз возните својства.

Напомена: Обврзна е проверка на возилото пред отпочнување на постапката.
Препорака: Обврзна е консултација со експерт од техничката служба пред преземање на било каква активност.

Најчесто се случува дел од возилата од одредени категории возила матично да се произведуваат како некомплетни и за таа своја состојба добиваат документ со одобрување во согласност со ЕУ хармонизираните прописи, во таканаречена прва фаза, односно одобрување за некомплетни возила. Овие возила се наменети за понатамошно докомплетирање согласно потребите на корисникот, а во согласност со препораките на производителот. По завршувањето на докомплетирањето неопходно е овие возила да поминат постапка за одобрување на возила кои еднаш биле одобрени, но се докомплетирани или променети во однос на нивната матична изведба.

Напомена: Обврзна е проверка на возилото пред отпочнување на постапката.
Препорака: Обврзна е консултација со експерт од техничката служба пред преземање на било каква активност.

Возилата наменети за обука на кандидати за возач од одредени категории, согласно законските прописи, треба да бидат опремени со дополнително вградени системи за двојни команди. По вградувањето на овој систем на двојни команди неопходно е да се изврши инспекција на возилото со цел да се потврди дека вградените команди се ефикасни, функционални и со нив може да се контролира возилото од страна на совозачот. Најчесто ова испитување е дел од испитување на возила дополнително подготвени за употреба како возило за обука на кандидати за возач, кога возилото треба да исполни и други барања согласно важечките прописи.

Возилата кои се прилагодуваат за да бидат управувани од страна на лица со посебни потреби исто така се подложни на инспекција од аспект на преправката, односно вградување на рачни команди за лица со посебни потреби. При прегледот на возилото се утврдува дали системот е функционален, ефикасен и дали овозможува безбедно управување преку вградениот систем за рачни команди.

Напомена: Обврзна е проверка на возилото пред отпочнување на постапката.
Препорака: Обврзна е консултација со експерт од техничката служба пред преземање на било каква активност.

Понекогаш кај возилата може да се извршат промени во однос на одобрената изведба, а сепак да не подлежат на инспекција заради одобрување. Имено, сите промени кои се извршени на возилото со делови, уреди и системи, а тие истите можат да бидат препознаени во одобрението на тип на возило и во законските прописи на нашата држава, не се одобруваат туку едноставно се евидентираат во сообраќајните документи. Секако, ова важи само за оние делови од возилото кои се наведени во одобрението на тип, кои можат да се идентификуваат како тип и само доколку истите не се оштетени (сечени па заварени, искривени, делумно заменети со други составни делови и слично). Вградувањето на споменатите делови може да го врши само овластено правно лице од страна на производителот на возилото.

Оваа постапка се спроведува за промени на возилата кои се однесуваат на вградување на одделни системи, делови и опрема што се разликуваат од основно вградените на возилото, а истите се одобрени за вградување во конкретниот тип на возило.

  • издувни системи;
  • светлосни уреди;
  • влечни уреди на возилата чија што најголема вкупна маса не надминува 3.500 kg, со исклучок на трактори;
  • спојлери;
  • други уреди кои се одобрени за вградување во конкретниот тип возило.
Напомена: Обврзна е проверка на возилото пред отпочнување на постапката.
Препорака: Обврзна е консултација со експерт од техничката служба пред преземање на било каква активност.

Пред да преправите нешто — прашајте нѐ

Не секоја преправка може да се одобри. Консултацијата однапред ви штеди време и пари.