Хомологација

Идентификација и оцена на техничка состојба

За возила со одобрен тип во РМ или во Европа според хармонизираните прописи.

За возило кое е типски одобрено во Република Македонија, односно има потврда за одобрен тип во Европа согласно хармонизираните европски прописи, нема потреба од понатамошно одобрување на типот. Во овој случај се врши идентификација со веќе одобрениот тип и се потврдува дека сегашната техничка состојба одговара на одобрениот тип.

Потребни документи

  • Странска сообраќајна дозвола
  • Доказ за платени царински давачки
  • Потврда дека возилото е од одобрен тип (Биро за метрологија, овластен застапник или производител)

Започнете ја постапката

Нашата техничка служба е тука да ви помогне.