Кариера

Кариера

Пауер Груп како современа, независна и пазарно ориентирана групација, посветува значајно внимание на своите човечки ресурси, третирајќи ги како еден од најзначајните фактори преку кои се определува конкурентноста на компаниите. На своите вработени им нуди можности за обука, дообука, личен развој, стекнување нови искуства и напредок во кариерата во исклучително пријатна атмосфера со изразен натпреварувачки и тимски дух. Инвестирање во човечките ресурси, претставува наш клучен приоритет.

Затоа, доколку сакате да станете дел од тимот на Пауер Груп, а воедно сте подготвени за динамична работа во креативна атмосфера, ја очекуваме Вашата апликација за работа на pravna@pss.com.mk

Сите апликации се регистрираат во нашата база на заинтересирани потенцијални вработени и согласно нашите потреби од конкретен профил, истите ќе бидат поканети на интервју.

Напомена: Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа за потребите на Пауер Груп, согласни сте Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кадри. Пауер Груп гарантира дека освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.

* Сите апликации за вработување кои ќе стигнат во Пауер Груп на друг начин, а немаат изјава/согласност за обработка на личните податоци од апликантот, нема да се разгледуваат и ќе бидат избришани или уништени.

* Контактирани и повикани на разговор ќе бидат само оние кандидати кои ќе влезат во потесниот избор.

Студентска пракса

Ако сте заинтересирани да стекнете студентска пракса во нашата компанија, Ве молиме испратете кратка автобиографија и придружно писмо, со назнака "студентска пракса" на следнaта e-mail адреса: pravna@pss.com.mk

* Контактирани и повикани на разговор ќе бидат само оние кандидати кои ќе влезат во потесниот избор.