Препорачај пријател

Хомологација на возила

Согласно со актуелниот закон за возила и подзаконските акти произлезени од него, хомологацијата на возилата се распределува на неколку постапки со кои се модифицира и терминот хомологација на возила. Имено со ваквите промени се диференцираат возилата и условите под кои тие се увезени. Па така постојат повеќе постапки преку кои всушност започнува процесот за регистрација на нови и половни возила увезени од странство, и тоа:

  • Постапка за единечно одобрување на возило,
  • Постапка за Идентификација на возило,
  • Постапка за Идентификација и оцена на техничка состојба на возило,
  • Постапка за типско одобрување на возило, и сл.


Во тек се активности со кои техничката служба на Пауер Спорт Систем (ПСС) ќе го прошири своето поле на дејствување а се со цел да бидеме поблиску до потребите на нашите клиенти како и за поставување на систем со кој побрзо, постручно и поефикасно ќе се спроведуваат пропишаните постапки.


Единечно одобрување на возила


Постапката за единечно одобрување на возило се спроведува за сите нови или половни возила за прв пат увезени во Република Македонија а за кои досега не е издадено типско одобрение од органот за одобрување на Република Македонија, односно од Бирото за Метрологија на Република Македонија.
При ова постапка низ практична проверка на возилото се утврдува дали возилото во моментот на увоз, односно преглед е во истата состојба во која било при излегување од фабриката. Ова значи дека треба да се утврди дали возилото во моментов ги исполнува сите технички барања и услови кои ги исполнувало кога ја напуштило фабриката. При тоа е потребно за возилото да се достави документ од кој јасно ке се види кои стандарди треба да ги исполни возилото, односно кои стандарди возилото ги исполнувало со оодбрениот тип. При постапката за единечно одобрување на возилото потребно е да се приложат копии од следниве документи за возилото од оригиналите кои се доставуват на увид:


  • Странска сообраќајна дозвола,
  • Доказ за платени царински давачки,
  • Потврда за техничките карактеристики на возилото.


Странската сообраќајна дозвола е документот со кој возилото е користено во сообраќајот во земјата од каде доаѓа, доказ за платени царински давачки е најчесто царинската декларација на која се впишани сите царински броеви и датуми. Посебно интересна во овој контекст е потврдата за технички карактеристики за возилото која начелно може да биде од повеќе извори кои се прифатени од органот за одобрување (Бирото за метрологија). Во овој момент извори прифатливи за Бирото за метрологија се следниве: производителот на возилото, Овластен претставник, застапник или импортер на возилата од тој производител во Република Македонија или независна институција која е во состојба да даде потврда за техничките карактеристики (во моментов тоа e TUV Munchen и TUV Rheinland).
По изврениот преглед согласно законските одредби техничката служба изготвува технички извештај врз основ на кој Органот за одобрување (Бирото за метрологија) издава единечно одобрение за прегледано возило во постапката за единечно одобрување на возило.
По издавањето на единечното одобрение техничката служба издава Потврда за сообразност со која возилото се упатува на технички преглед и регистрација.


Процедура за одобрување на возила увезени од САД


Со последните измени и дополнувања на правилникот за единечно одобрување на возило (Сл.весник бр 13/2011 од 4 Февруари 2011) се уредува и одобрувањето на возила увезени од САД. За овие возила покрај сообраќајна дозвола, доказ за платени царински давачки потребное  да се достави и извод од United States Environmental Protection Agency од кој ќе се види дека возилото го задоволува американскиот стандард за емисија на издувни гасови Tier 2 од 1999 година. Согласно законот сите возила кои се одобруваат според оваа постапка треба да бидат произведени во Соединетите Американски Држави.


Идентификација 


Оваа постапка согласно со законот за возила се спроведува при увоз на нови или половни возила за одредени категории на правни и физички лица, согласно чл. 24 од Законот за возила.
Самата постапка започнува со барање поднесено кај Органот за одобрување (Бирото за Метрологија на РМ). По утврдување на статусот на увозникот,  Органот за одобрување (Бирото за Метрологија на РМ) издава упат со кој увозникот се упатува во Техничка служба каде се врши идентификација на возилото и се издава Согласност за регистрација. При оваа постапка увозникот во техничката служба доставува упат  на возилото издаден од Органот за одобрување (Бирото за Метрологија на РМ) до техничката служба. Врз основа на упатот започнува постапката која завршува со издавање на Согласност за регистрација  и возилото понатаму продолжува на трехнички преглед и регистрација. 




документи: УПАТ ДО ТЕХНИЧКА СЛУЖБА


Идентификација и оцена на техничката состојба на возилото


Согласно законот за возила како и правилникот за Идентификација и Идентификација и оцена на техничката состојба на возилата, за возило кое е типски одобрено во Република МАкедонија односно кое има потврда за одобрен тип во Европа во согласност со хармонизираните европски прописи, нема потреба од понатамошно одобрување на типот. Во овој случај за ваквите возила се врши Идентификација со веќе одобрениот тип и воедно се потврдува сегашната техничка состојба на возилото  дека одговара со онаа која е одобрена во одобрениот тип на возилото.
Многу битно е да се напомене дека за утврдување на тоа дали типот е одобрен во Република Македонија или во Европската Унија според хармонизираните европски прописи, валидни се следниве документи:
  • Потврда издадена од Органот за одобрување (Бирото за Метрологија на РМ) со наведен деловоден број, датум на издавање како и органот кој го издал, дека предметното возило е со одобрен тип во Република Македонија, или
  • Потврда издадена од овластениот претставник на прозиводителот во Република МАкедонија на која јасно ќе биде наведено дека типот на возилото е од одобрен тип во Република МАкедонија со наведен деловоден број и датум на издавање на типското одобрение како и органот кој го издал, или
  • Потврда од производителот со која се потврдува дека предметното возило е од одобрен тип според хармонизираните европски прописи со јасно наведен број на типското одбрение, датум и место на издавање и потпис од одговорното лице на производителот


Во понатамошниот развој на постапките за Идентификација и Идентификација и оцена на техничката состојба на возилата, а во склад со стремежите на Република МАкедонија за полноправно членство во европската Унија, во Законот за Возила и Правилникот за Идентификација и Идентификација и оцена на техничката состојба на возилата, предвидено е да се изработи и пушти во употреба единствен регистар на возила во кој јасно ќе биде означено кои возила се типски одобрени и кои од нив ќе можат да бидат предмет на оваа постапка.


За спроведување на оваа постапка потребни се следниве документи:

  • Странска сообраќајна дозвола,
  • Доказ за платени царински давачки,
  • Потврда со која се потврдува дека возилото е од одобрен тип во РМ издадена од Бирото за Метрологија на РМ или од овластениот застапник на производителот во РМ, или потврда од производителот на возилото со која се потврдува дека возилото е од одобрен тип според хармонизираните европски прописи со јасно наведен европски број на одобрението, датум и потпис од овластен потписник на производителот.


Странската сообраќајна дозвола е документот со кој возилото е користено во сообраќајот во земјата од каде доаѓа, доказ за платени царински давачки е најчесто царинската декларација на која се впичани сите царински броеви и датуми. Посебно интересна во овој контекст е потврдата за технички карактеристики за возилото која недвосмислено треба да носи информација дека типот на возилото е одобрен. Сите приложени потврди за технички карактеристики на возилото кои јасно и недвосмислено не потврдуваат дека типот на возилото е одобрен не може да се користат во оваа постапка.
По прегледот на возилото и оцена на техничката состојба за возилото техничката служба издава согласност за регистрација со што возилото продолжува на технички преглед и регистрација.